Доделување Медали за храброст

Претседателот Иванов за првпат го додели Медалот за храброст ги тоа на г-дин Сами Нуредини за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во спасување човечки живот при тешки и опасни услови oд надојдените води на реката Вардар.

Со Медал за храброст за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во извршување на поставените задачи при екстремно тешки и опасни услови во акцијата за извлекување на загинатиот рудар од рудникот „Бучим“ ги одликува потполковник Орце Јордев, мајор Драганчо Војнески, мајор Димче Велков, постар водник Стојче Стоилов, постар водник Зоран Ристов и водник Зоран Трајков.

Posted in Државни одликувања на Република Македонија | Исклучени коментари

Избран новиот извршен одбор на МХЗ

На годишното собрание одржано на 13-12-2011 беше избран нов одбор со мандат од 4 години. Всушност е реизбран досегашниот одбор во состав Јован Јоновски, Претседател, Кирил Трајковски, потпретседател и Петар Гајдов, Секретар.

Posted in За нас | Исклучени коментари

Медал за заслуги за Македонија за почесниот македонски конзул во Јапонија

На свечената церемонија одржана во Токио, за време на посетата на премиерот Никола Груевски во Јапонија, амбасадорот на Македонија во Јапонија со седиште во Виена, Ѓорѓи Филипов, му го врачи Меделот за заслуги за Македонија на Кијоши Мизуно, почесен Генерален Конзул на Македонија во Јапонија.

(преземено од Макфакс)
Posted in Новости, Фалеристика | Исклучени коментари

Универзитетот на Југоисточна Европа одликуван со Орден за заслуги за Република Македонија

По повод десетгодишниот јубилеј, Претседателот на Република Македонија др. Ѓорге Иванов го одликуваше Универзитетот на Југоисточна Европа со Орден за заслуги за Македонија. Орденот го прими неговиот Ректор, Замир Дика

Posted in Новости, Одликувања | Исклучени коментари

Орден за заслуги за Македонија на Правниот Факултет “Јустинијан Први”

По повод шест децении од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ доби орден за заслуги за Македонија. Орденот го прими Проф д-р Борче Давитковски.

Posted in Новости | Исклучени коментари

МХЗ во Дневник

Posted in Медиуми, Новости | Исклучени коментари

Доделување Орден „8 Септември“ на Емирот од Катар, Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани

Претседателот Иванов го одликува Шеикот Хамад Бин Калифа Ал Тани, Емир на Катар со орден „8-ми Септември“ за неговите заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите, како и за особениот придонес и посветеност кон развојот и унапредувањето на односите меѓу Државата Катар и Република Македонија.

Posted in Новости, Одликувања, Фалеристика | Исклучени коментари

Колку зраци има сонцето на грбот на Република Македонија?

Ако се примени методот на пресликување на видливите краци, ќе се види дека недостасуваат уште 2 зрака.

кликнете на сликата за да ја погледнете анимацијата.

Posted in Новости | Исклучени коментари

Во Букурешт постхумно ја одликува Лиана Думитреску со Орден за заслуги за Македонија

Денеска во Букурешт, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, постхумно ја одликува Лиана Думитреску, првиот претставник на Македонците во романскиот Парламент, со Орден за заслуги за Македонија. Думитреску е одликувана со ова највисоко признание за нејзината посветеност кон македонската заедница и унапредувањето на македонско-романските односи. Орденот за заслуги за Македонија и беше врачен на нејзината мајка Константина Думитреску, актуелен претседател на Асоцијацијата на Македонците во Романија.

Posted in Новости, Фалеристика | Исклучени коментари

Конструкција на знамето според „Службен Весник“

Реконструкција на знамето според ликовно графичкиот прилог објавен заедно со законот во „Службен Весник“

Posted in Новости | Исклучени коментари