Турскиот театар одликуван со Орден за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод 60 години постоење, му додели „Орден за заслуги за Македонија“ на Националната установа Турски театар-Скопје, за исклучителните резултати во долгогодишната дејност во областа на драмската уметност, значајниот придонес во градењето на мултикултурата во македонското опшество, како и за развојот и за унапредувањето на пријателските односи и соработката меѓу Македонија и Турција.

Posted in Новости | Исклучени коментари

16 Роденден на Знамето на Република Македонија

На 5.10.1995 година на 27. седницата на Собранието на Република Македонија, со 110 гласови за, еден против и 4 воздржани се усвои Законот за знаме на Република Македонија. На расправата учествуваа само Сали Рамадани, кои бараше Законот да гласи за знамињата на Република Македонија, имајќи ги во предвид и знамињата на националностите во Македонија.
Вториот учесник во расправата беше Томислав Стојановски, кој истапи со сопствен предлог на знаме кој го покажа пред пратениците, на црвена основа три златни зраци, кои ја преставуваат македонската дијаспора во Европа, Америка и Австралија. Двата предлога не беа прифатени.
Целата седница, во која беше прифатена и декларација за осуда на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, траеше 40 минути, што значи дека сите пратенички групи претходно имаа постигната согласност за промена на државното знаме.
Членот 2 од законот гласи: „Знамето на Република Македонија е црвено со златно – жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.“
Во прилог е даден и ликовно графички приказ на знамето.

Posted in Вексилологија, Новости, Публикации | Исклучени коментари

Истражување во Загреб

Претседателот на МХЗ Јован Јоновски во истражувачки проект во Загреб. Во универзитетската Библиотека во Загреб, тој го истражуваше грбовникот на Коренич- Неорич од 1595 година, во кој е насликан и земскиот грб на Македонија, Златен лав на црвена основа.

Posted in Новости | Исклучени коментари

Жељко Хеимер почесен член на МХЗ

Претседателот на Хрватското хералдичко и вексилолошко друштво од Загреб, мајор м-р Жељко Хеимер е примен како почесен член на Македонското хералдичко здружение. Тој е активен во презентацијата на македонските знамиња на FOTW.

Хеимер има учествувано и како консултант при изработкаат на грбот на Претседателот на Република Македонија.

Posted in Новости, Членство | Исклучени коментари

Предавање за грбовите на Македонија во Загреб

На покана на Хрватското грбословно и заставословно друштво од Загреб, Хералдот на македонското хералдичко здружение орджа предавање за Грбовите на Македонија. Предавањето го збогати и настапот на групата Езерки и 7/8 кои дејствуваат во рамките на Друштвото за хрватско-македонско пријателство. На предавањето присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Хрватска.

Posted in Грбови, Новости, Предавања | Исклучени коментари

Медали за заслуга за македонската кошаркарска репрезентација

Претседателот на Република Македонија, д-рЃорге Иванов денеска со „Медал за заслуги за Македонија“ ги одликува македонските кошаркарски репрезентативци кои го освоија четвртото место на Европското првенство во кошарка во Литванија.

Високото признание им се доделува за афирмација на Република Македонија во светот со постигнатите врвни резултати во кошарката на меѓународен план и за исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во нашата земја.

„Македонија го доби најпосакуваниот спортски подарок за 20-годишнината од независноста. Успехот што вие го постигнавте е заразен и убеден сум дека ќе продолжи на сите полиња и во спортот и во културата и во економијата. Владо Илиевски праша: Луѓе, што направивме? Да ви кажеме што направивте – ја прославивте Македонија низ Европа! Ја ставивте македонската кошарка на европската кошаркарска мапа,“ нагласи претседателот Иванов при доделувањето на медалите.

Медал за заслуги добија Перо Антиќ, Владо Илиевски, Лестер Бо Мекејлеб, Илија Димчевски, Димитар Мираковски, Тодор Гечевски, Дарко Соколов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, селекторот Марин Докузовси и сите членови на стручниот тим.

Одликувањата на репрезентативците им бea врачени во Македонската опера и балет.

Posted in Новости, Одликувања | Исклучени коментари

Доделен орден „8 септември“ на Џон Битов

Претседателот на Република Македонија го одликува канадскиот бизнисмен од македонско потекло, Џон Битов со орден „8 септември“.

Posted in Новости, Фалеристика | Исклучени коментари

Доделен орден „8 септември“ постхумно на Јордан Мијалков

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска постхумно го одликуваше Јордан Мијалков со Орден ‘’8 Септември’’, за исклучителен придонес во остварувањето на независноста, самостојноста, сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и јакнење на нејзината меѓународна положба и углед, вршејќи ја должноста прв министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија. Орденот го прими неговиот син, Влатко Мијалков.

Posted in Новости, Одликувања | Исклучени коментари

Меѓународни активности 2011

Во периодот непосредно по излегувањето од печат на четвртиот број на гласникот „Македонски Хералд“, продолжија активностите на МХЗ со промовирање на хералдиката како и останатите помошно-историски науки вексилологијата, фалеристиката и така натаму.
Во тие насоки беа организирани неколку предавања.Меѓудругото, предавање одржа Проф. д-р. Иван Балта од Филозофскиот факултет во Осијек, на тема „Основи на симболиката и иконографијата“. Предавањето се одржа во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и предизвика голем интерес. Во Охрид на 12 0ктомври 2010 година во клубот „Има време“ основно предавање од областа на хералдиката одржа претседателот на МХЗ Јован Јоновски. Исто така во првата седмица од декември 2010 хералдичарот Стојанче Величковски во Подрачното основно училиште „Илинден“ во село Конопница, Крива Паланка одржа предавање за значењето и процесот на креирање на симболите додека учениците имаа можност во воспоставената on-line комуникација да поставуваат прашања во текот на креирањето на симбол на своето одделение. Овој проект, во конкуренција на повеќе од 400 наставници и 137 основни училишта од Република Македонија ја освои првата награда за најиновативни одделенски наставници и училишта.
Од 12 до 17 септември 2010 година се одржа 29. меѓународен конгрес на генеолошки и хералдички науки во Штудгарт, Германија. На овој конгрес учество зема и МХЗ при што на 14.09.2010, во Штутгарт, на Генералното Собрание на Интернационалната Конфедерација за Генеологија и Хералдика (CIGH), господинот Мишел Тејар д`Ери, претседател на CIGH, го прогласи МХЗ за полноправна членка на CIGH.
Беа реализирани и неколку гостувања во телевизиски и радио емисии. На ТВ МТМ во два наврати свое гостување имаше претседателот на МХЗ Јован Јоновски, по повод приемот на МХЗ во CIGH.
Исто така, во „Ноќна програма“ на Македонското Радио на 28.02.2011, гостуваше хералдичарот Стојанче Величковски, при што беа опфатени темите за хералдиката во Македонија, македонските грбови, месната хералдика, постапката на креирање на лични и семејни грбови, како и актуените активности на МХЗ.

24 Конгрес на Меѓународната федерација на вексилолошки друштва (FIAV) кој ќе се одржи oд 1 до 5 август 2011 во Вашингтон, САД.  Во текот на конгресот ќе се одржи и Генералното собрание на кое Македонското хералдичко здружение треба да биде примено во полноправно членство. Пред кандидатурата да биде разгледана ќе биде извршена презентацијана на МХЗ.

(Македонски хералд број 5, 2011)

Posted in Историјат | Исклучени коментари

Струшките вечери на поезијата одликувани со Орден за заслуги за Македонија

По повод 50 годишнината на манифестацијата Струшките вечери на поезијата, претседателот на Република Македонија, во вилата Билјана во Охрид ја одликува оваа манифестација со орден за заслуги за Македонија

Posted in Новости, Одликувања | Исклучени коментари